Љутков: Колективниот договор е еден од најдобрите, но со време станал нефункционален


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во гостување на ТВ21 се осврна на колективниот договор и неговата примена и предизвиците што ги носи.

Тој посочи дека прашањето што сега го отвора Уставниот суд и одлуката за преиспитување на договорот претставуваат процес кој трае повеќе од четири години, односно од неговото потпишување во 2020 година.

„Уште тогаш укажував дека постојат одредени отворени прашања во колективниот договор“, истакна Љутков.

Министерот нагласи дека, според него, станува збор за еден од најдобрите колективни договори во земјата, но додаде дека документот има и свои недостатоци.

Тој оцени дека со текот на времето и променетите околности, по повеќе од четири години примена, колективниот договор во одреден момент станал проблематичен и нефункционален, што отвора потреба од негово преиспитување и усогласување.

Back to top button
Close