Утре без струја дел од Сопиште и Ѓорче Петров

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:30 до 13:00 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Христо Татарчев“ во близина на автопералната во Општина Сопиште.

Во периодот од 11:30 до 14:30 часот, без струја ќе останат корисниците на улицата „Александар Мартулков“ во Општина Ѓорче Петров

Back to top button
Close