Утре без струја повеќе делови од Скопје

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Центар, Ѓорче петров и Студеничани, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 8:30 до 10:30 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улиците „Добромир Хрс“ и „Лазар Димитров“, а од 08:30 до 12:00 часот од улицата „Зеленгора“, Општина Кисела Вода. Исто така, од 08:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат објектите на бул. „Гоце Делчев“ во близина на Бензиската пумпа – „Макпетрол“ спроти поранешниот Саем, како и околните објекти на кејот „Димитар Влахов“ до зградата на МРТВ, Општина Центар.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без напојување со електична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Драчевска“ и „Студеничанска“ во селото Драчево, Општина Кисела Вода, и во истиот термин од 09:00 до 12:00 часот корисниците од ул. 60 во селото Волково, Општина Ѓорче Петров, а во периодот од 11:00 до 13:00 часот од село Студеничани (од џамијата кон училиштето), Општина Студеничани.

Back to top button
Close