Утре кај „Мавровка“ посебен сообраќаен режим уште од седум часот

Полицијата најави дека посебниот сообраќаен режим кај ТЦ „Мавровка“ во Скопје ќе започне утре наутро уште од седум часот. Крстосницата ќе ја блокираат приватни превозници вклучени во Јавниот превоз
Почитувајте ги наредбите на полициските службеници. Ова е апелот на Министерството за внатрешни работи до сите учесници во сообраќајот во пресрет на утрешната најавена блокада на крстосницата кај ТЦ „Мавровка“ во Скопје од приватните превозници вклучени во Јавниот превоз. МВР најави дека посебениот режим во сообраќајот ќе започне од седум часот.

„Министерството за внатрешни работи информира дека поради најавено одржување на протест, утре со почеток во 07:00 часот, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на бул. „Гоце Делчев“ и бул. „Крсте Петков Мисирков“ и околните улици. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“,стои во полициското соопштение.

Како што најави приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“, блокирањето ќе биде со повеќе од 30 автобуси и над 300 лица, а крстосницата кај „Мавровка“ ќе биде блокирана во сите правци.

„Времетраењето на протестот не е утврдено и се планира да трае до исполнување на барањата“, посочуваат од „Слобода превоз“.

Back to top button
Close