Утре навечер и во среда се очекуваат повремени врнежи од снег

Утрото ќе биде малку до умерено облачно и студено, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од промелнив правец. T=4°C. P=999hPa. U=80%. V=2m/s.

Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

Back to top button
Close