Утре не очекува силен ветер – некаде и до 70 км/ч

Управата за хидрометеоролошки работи за утре издаде предупредување за силен ветер од северен правец, долж Повардарието и до 70 километри на час.

Во поголем дел од земјата утре времето ќе биде ведро и посвежно, во источните делови променливо облачно со слаб локален дожд.

Минималната температура ќе биде од 3 до 11 степени, а максималната од 16 до 24 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневните температури ќе бидат во постојан пораст

Back to top button
Close