Утре нова средба Заев – Гаши

Утре попладне нова средба помеѓу лидерот на СДСМ во оставка, премиерот Зоран Заев и првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши.

На средбата се очекува да се преговара околу можните кадровски понуди, како и да се прецизираат програмските приоритети на кои Алтернава инсистира да се најдат во евентуалната идна владина програма.

Како што веќе објави ТВ24, Гаши очекува две министерски места, како и директорски места, дел и од оние со кои раководи ДУИ.

Според неофицијалните информации, министерските места ќе се бараат во труд и социјала, здравство, култура, земјоделство и образование.

Средбата доаѓа откако Гаши во петокот доби зелено светло да ги продолжи преговорите со Заев.

Back to top button
Close