Утре обвинение за убиството на Вања и Панче, негирањето на каратистот не ги менува околностите
Скопското обвинителство најверојатно утре ќе го поднесе обвинението за киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, пренесува ,,Фокус”.
Со обвинителниот акт се очекува да бидат опфатени Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев, а се уште не е познато дали статус на обвинет ќе добие и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.
Засега надвор од групата останува и Љупчо Палевски -Палчо, бидејќи истрагата против него се уште трае. Се чека вештачењето на телефонот и другите доказни материјали кои беа најдени кај него, кога беше уаспен во Турција.
Тоа пак што еден од осомничените, каратистот Видевски, вчера негираше вина, пред Врховниот суд на рочиште за притворот, воопшто не влијае на веќе составениот мозаик од Обвинителството за случајот.
…