Утре почнува обуката на наставниците кои идната година ќе предаваат сеопфатно сексуално образование во школите

Утре почнува обуката на наставниците кои ќе предаваат сеопфатно сексуално образование (ССО) во училиштата, велат од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА за СДК.

Тоа е, велат тие, официјален почеток на пилот-проектот на ХЕРА, Министерството за образование и наука (МОН) и Бирото за развој на образованието, кој треба да почне да се применува од септември 2021.

Мери Цветковска, која е проектна координаторка во ХЕРА, ни рече дека после дологогодишните апели на ХЕРА за потребата од сексуално образование, спроведени истражувања, искуства од терен и секојдневна комуникација со младите кои се најзасегнати, Владата лани донесе одлука за воведување пилот-програма за сеопфатно сексуално образование во 9. степен на основното образование. Пилот-програмата е резултат на двегодишната работа на работната група при Министерството за образование, Бирото за развој на образованието, Министерство за труд и социјална политика, Министерството за здравство и Министерството за финансии и ХЕРА за идентификување на национални стратегии за подобрување на содржината на сексуалното образование во наставата.

„Хера активно работи на програмата заедно со експерти и претставници од МОН и Бирото. Пилотирањето ќе биде спроведено во 4 училишта од рурална и урбана средина на албански и македонски јазик и ќе има фонд од 36 часови. Ќе биде спроведено преку соодветен наставен план и содржина адаптиран за возраста, ќе го предаваат обучени наставници и ќе може на доброволна основа да го одберат како изборен предмет младите од 9. одделение“, ни рече Цветковска.

повеќе

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close