Утре посебен режим на сообраќај во поширокото централно подрачје на Скопје

СВР Скопје утре ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците во поширокото централно подрачје на Скопје поради делегацијата од Република Албанија, која ќе пристигне во земјава за одржување заедничка меѓувладина седница.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај.

Back to top button
Close