Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради протестен марш


Утре во Скопје ќе се воведе посебен режим на сообраќај поради протестен марш, кој ќе започне во 12:30 часот, а се организира од група граѓани како израз на незадоволство поради поради неспроведување на Законот за употреба на јазиците во првосудниот испит.

Како што соопшти денеска МВР, трасата на маршот ќе започне пред плоштад „Карпошово востание“, продолжува по ул. „11-ти Март“ преку Камени мост, по ул. „Никола Вапцаров“ и завршува на ул. „Димитрие Чуповски“ пред Министерството за правда. Сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници за непречено движење.

СВР Скопје-Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници

Back to top button
Close