Утре повторно бојкот против поскапувањата

Регионалниот бојкот на маркетите се обновува во петок, 7 февруари, како одговор на високите цени, а покрај Хрватска, овој пат се очекува да се вклучат и Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово.

Платформата „Ало, инспекторе“ најави дека освен еднодневниот општ бојкот, од сабота ќе започне и седумдневен бојкот на еден малопродажен синџир, чиј избор ќе го одредат граѓаните преку анкета на социјалните мрежи.

Според советникот на платформата, Јосип Келемен, граѓаните побарале да се продолжи со протестните активности, бидејќи трговците не ја сфатиле пораката од претходните два бојкота.

Во Хрватска денеска завршува седумдневниот бојкот на три трговски ланци – Лидл, Еуроспин и ДМ, како и на три вида производи: флаширана вода, газирани пијалоци и детергенти.

Како одговор на притисокот, хрватската влада одлучи да го прошири списокот на производи со ограничени цени од 30 на 70 артикли. Премиерот Андреј Пленковиќ изјави дека државата презела мерки, но дека и трговците треба да покажат одговорност, бидејќи „никому не би му наштетило умерено намалување на цените

Back to top button
Close