Утре пресуда за „Шамарите во Центар“

Утре во 12 часот судијата Душан Јосифов во Основниот кривичен суд во Скопје ќе ја изрече пресудата за случајот „Шамарите во Центар“.

Ова следува откако по денешното седумчасовно рочиште, завршни зборови даде и одбраната. Зборуваа адвокатите, како и ексминистерот Миле Јанакиески, а кратки обраќања имаа и останатите обвинети.

Сите, очекувано, побараа ослободителна пресуда. Пресудата ќе добијат вкупно седум обвинети. Никола Груевски, кому му се суди во отсуство, е првообвинет, а Јанакиески е второобвинет. Тие се обвинети за поотикнување на насилство за време на протестите пред Општина Центар летото 2013.

Останатите пет обвинети за насилство се од лицата кои директно учествувале на протестите.

На минатото рочиште кога обвинителката Фатиме Фетаи ги даваше завршните зборови и побара максимални казни за организаторите на насилните протести, Никола Груевски и Миле Јанакиески, додека за четворица од учесници на протестот побара затворски казни, а за еден условна казна бидејќи, како што рече, неговите насилнички дејствија немаат таков интензитет.

Пред да ги побара казните и да ги анализира доказите, Фетаи го повлече обвинението за тројца обвинети. Меѓу нив, поранешната пратеничка Даниела Рангелова, која во периодот на протестите беше советничка во општинскиот Совет од ВМРО-ДПМНЕ во Центар, и двајца учесници на протестите.

Back to top button
Close