Утре продолжува собраниската комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026

Седницата на Комисијата за финансирање и буџет каде се разгледува Предлог Буџетот за 2026 година, ќе продолжи утре, понеделник во 12 часот.
На вчерашната седница, пратениците од власта го бранеа Буџетот како одржлив и развоен.
Според Емил Спасовски од ВМРО-ДПМНЕ, се работи за исклучително развоен буџет со вклучена социјална компонента.
„За 2026 година се предвидува 3,8 отсто раст на БДП, што не е случајно, туку следува по трите квартали постојан раст. Стапката на инфлација е детерминирана на 2,5 отсто како резултат на рамотежата во делот на цените на храната, од една страна и цените на енергенсите, од друга. Ова значи дека имаме континуиран економски раст, стабилизирање на инфлацијата, добро менаџирање на јавните пари и креирање буџет во функција на решавање на проблемите на граѓаните. Главните двигитали ќе бидат зголемената активност кај градежништвото и домашната потрошувачка. Стапката на невработеност е предвидено да биде 10,1 отсто, а платите и пензиите ќе растат. Сметам дека треба да се имплементираат уште поинтензивни политики за привлекување странски, но и домашни инвестици за уште пголем раст на БДП – да се изнајдат такви мерки со кои на инвеститорите ќе им се дозволи да работат, заработат и да вработуваат. Само така ќе дојдеме до степен кога ќе можеме да зборувае за суфицит во Буџетот, а сега има одлична база за тоа зашто досегашните политики дадода исклучителен резултат. Зборуваме за 3,5 отсто раст, а можеби и уште повеќе“, истакна Пенков.
Тој се осврна и на сивата економија, чиј потенцијал, рече, е околу 700 милиони евра годишно.
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, предложениот буџет го оцени како неконзистентен, нереален и директно штетен за економијата и граѓаните.
Таа нагласи дека буџетот не содржи никакви политики за зголемување на платите, ниту мерки за справување со сè поголемата сиромаштија.
„Цените растат, граѓаните должат повеќе, а примаат исто. Наместо да живеат подобро, тие повторно плаќаат повеќе”, рече Лукаревска.
Таа посочи дека Владата нема стратегија за раст на доходот и нема никакви алатки за да ја сопре инфлацијата, која и понатаму е висока.
„Нема развој, нема реформи, нема повисоки плати, нема мерки за сиромаштијата, има само задолжување, кратење и непродуктивно трошење. Ова е буџет на хартија, без капацитет да донесе подобар живот”, порача пратеничката.
„Сигурен сум дека ако таа се стави во формални рамки ќе биде дополнителен инпут за раст на домашниот производ, напомена пратеникот кој ја поздрави и планираната поддршка за општините“, рече Пенков.
Извор: 24info.mk






