Утре протест на родителите кои бараат остварување на правото на заедничко родителство по развод

Здружението ‘Наши’, како дел од напорите за остварување на правото на заедничко родителство по развод во Република Македонија, организира родителски караван со автомобили во Скопје.

Караванот ќе започне во Сабота 30 Март во 11ч пред Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје и ќе се движи кон Министерството за правда и потоа кон Владата на Република Македонија. Пристигнувањето пред Влада ќе биде 11.55ч (пет до дванаесет), кадешто ќе виде упатен апел дека е крајно време да се донесе долгоочекуваниот нов Закон за семејство со вклучено заедничко родителство по развод како прва и основна опција за родителите кои се разведуваат.

Ве замолуваме за медиумска поддршка на овој настан, со цел да заедно ја пренесеме пораката дека треба да прекине сегрегацијата на родителите при развод, од која најзасегнати се нашите најмили

Back to top button
Close