Утре протестен марш во Скопје против војната во Украина

Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ со соопштение ги повикува „сите свесни луѓе да го изразат својот револт против војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина“ и да се приклучат на протестниот марш, кој ќе се одржи во Скопје на 6 март 2022 година (недела).

Собирoт ќе биде кај споменикот „Воинот на коњ“ на Плоштадот Македонија во 14.00 часот, велат од Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“.

Од здружението информираат дека хуманитарната помош за Украина ќе се собира секој ден во поставен шатор и на Плоштадот Македонија во Скопје.

Back to top button
Close