Утревечер посебен режим на сообраќај во Скопје поради снимање филм

На 31.07/01.08.2025 година во периодот од 20:00 до 04:00 часот, поради снимање на филм затворен ќе биде во двете насоки на движење бул.„11-ти Октомври” на потегот од крстосница со ул.„Даме Груев” до крстосница со бул.„Кочо Рацин” во Скопје.

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Од  тие причини Единицата за безбедност  на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close