Утринава извлечени 17-годишник и неговиот брат – под урнатините од земјотресот минале 198 часа

17-годишник по име Мухамет Чафер Четин и неговиот 20-годишен брат Абдулаки денеска беа спасени живи од урнатините на станбен блок во турската провинција Караманмарас, речиси 198 часа по минатонеделниот разорен земјотрес, објави телевизијата Си-Ен-Ен Турк. Во извештајот беа прикажани спасувачи кои ги носат двете лица, врзани на носилки, до амбулантни возила.

Спасувачите работеа во текот на ноќта за да ги спасат луѓето под урнатините осум дена по најтешкиот земјотрес во Турција во модерната историја, но надежите за пронаоѓање на уште многу преживеани исчезнуваат. Но, други се подготвуваат за неизбежното намалување на операциите бидејќи ниските температури ги намалија и онака малите шанси за преживување, при што некои полски спасувачи најавија дека ќе заминат утре.

Бројот на загинати во разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија доближува до 40.000.

Back to top button
Close