Утринава запалени три автомобили на паркинг во Аеродром

Во раните утрински часови, околу 03:00 часот по полноќ, на паркинг на улицата „Бојмија“ во скопската општина Аеродром избувнал пожар во кој целосно изгореле три патнички возила.

 

Според информациите од СВР Скопје, во 02:51 часот било пријавено дека се запалиле три автомобили: „Хјундаи“ со скопски регистарски таблички, во сопственост на 40-годишниот Г.С. од Скопје, „Киа“ со скопски таблички, сопственост на 36-годишниот М.П. од Скопје, и „Фолксваген Пасат“ со хрватски национални ознаки, сопственост на В.К. (44) од Скопје.

На местото на настанот интервенирале полициски екипи и Противпожарната бригада.

Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати.

Back to top button
Close