Утринските температури над нулата

На територијата на целата држава утрово се измерени темепратури над нулата, соопшти УХМР.

Најстудено било во Берово, Крива Паланка, Дебар, Крушево, Маврово, Лазарополе со темепратура од 1 степен, 2 во Скопје-Зајчев Рид, 3 Скопје-Петровец, Тетово, 4 Куманово и Прилеп, 5 во Струмица и 6 степени Целзиусови во Битола, Штип, Охрид, Демир Капија, Гевгелија, Дојран и во Претор.

Изминатите 24 часа до 7 часот утрово наврнат е воден талог од три л/м2 во Пожаране, еден во Тетово, а под еден литар врнежи имаше и во Охрид, Битола и во Прилеп.

Back to top button
Close