Утрото најстудено во Берово најтопло во Гевгелија
Утрово е најстудено во Берово, каде се измерени -7 степени Целзиусови, додека најтопло е во Гевгелија со шест степени.
Според УХМР, до 8:30 часот -3 степени се измерени во Попова Шапка, Крива Паланка, Битола, Маврови Анови, Струмица, -2 во Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Штип и Демир Капија, -1 во Крушево, нула во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, Виница и Дебар, а 5 степени во Дојран.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 9 степени.