Утрово најдена угината женка-рис
🐆Угината единка Балкански Рис (Lynx lynx), возрасна женка.

Забележана на 24.02.2026 околу 06.00 часот на патот Охрид – Ресен, на патот кај с. Буково.
Надлежните служби извршија теренски увид во соработка со Македонско еколошко друштво и Државен Инспекторат за животна средина.
Угинатата рисица ќе биде однесена на обдукција во Скопје на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ, Скопје.
📷МЕД/ДИЖС






