Утрово најстудено на Попова Шапка, додека во Демир Капија и Гевгелија измерени девет степени


Најниска температура утрово имало на Попова Шапка каде се измерени -2 степени, во Маврови Анови и Лазарополе еден степен, во Крушево и Крива Паланка три степени, во Претор четири, во Берово и во Охрид пет степени, во Прилеп, во Тетово и во Виница седум, во Скопје-Зајчев Рид и Скопје-Петровец шест, во Битола и Куманово седум, во Струмица и Штип осум, и во Демир Капија и Гевгелија девет степени.

Најмногу дожд наврнало во Охрид седум л/м2.

Во текот на ноќта и утрово преовладува облачно време, претежно во југозападните делови утринава има појава на локален дожд со слаб до умерен интензитет. Дува слаб претежно југоисточен ветер. Во котлините е магливо или со ниска облачност.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Наутро по котлините ќе има услови за магла. Претпладне во јужните делови ќе има појава на краткотраен локален дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.

Во Скопје преку ден ќе биде променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Back to top button
Close