Утрово најстудено на Попова Шапка, најтопло во Струмица и Гевгелија


Најстудено утрово беше на Попова Шапка каде е измерен еден степен, како и во Лазарополе со измерени два степени, Берово и Крушево три и Маврови Анови четири. Највисока беше температурата во Струмица и Гевгелија каде се измерени 13 степени.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 19 степени.

Back to top button
Close