Утрово ненадејно почина директорот на познатата скопска гимназија

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи објави дека починал директорот на гимназаијата „Зеф Љуш Марку“.

– Денеска добив тажна вест дека почина Фарук, директорот на гимназијата „Зеф Љуш Марку“. Ќе го паметам како вреден и неуморен работник во благородната мисија за унапредување на албанското образование. Искрено сочуство до неговото семејство, пријателите и колегите, напиша Битиќи.

Како што јавуваат медиумите на албански јазик, Фарук Зекири починал на 41-годишна возраст. Пријателите на починатиот изразија искрено сочувство до семејството.Фарук Зекири е брат на екс генералниот секретар на владата Мухамед Зекири.

Back to top button
Close