Утрово нов земјотрес кај Петриња со јачина од 3,7 степени

Утринава во 4.30 часот беше регистриран нов земјотрес во Хрватска со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала.

Од хрватската Сеизмолошка служба потврдиле дека епицентарот е кај Петриња и регистрирани биле нови послаби земјотреси.

Сеизимолозите велат дека се очекувани голем број на афтер шокови по силиниот земјотрес со јачина од 6,4 степени што го погоди централниот дел на Хрватска – Петриња, Сисак, Глина,во кој што загинаа седум лица, а десетици беа повредени.

Back to top button
Close