Утрово приведен струмичкиот бизнисмен Крмзов

Утрово Бирото за јавна безбедност (БЈБ) по налог на надлежниот Јавен обвинител приведе неколку лица меѓу кои и бизнисменот од Струмица Ристо Крмзов објави плус инфо.

Тој е обвинет дека преку фиктивно прикажување на добивки и симулирано плаќање на даноци, се изведувал организиран поврат на ДДВ. Според обвинението тој со помош на фиктивни фирми, непостоечки физички лица од Косово и други земји, се оформувале лажни трансакции, само како параван за изигрување на законот. Нелегално стекнатите средства, преку монтирани државни исплати, завршувале во приватни џебови, а потоа се переле и легализирале преку градежниот сектор, кој со години беше омилен канал за перење пари.

Власта пред неколку месеци спроведе масовна акција и ги тресеше фирмите на Струмичкиот бизнисмен а во акцијата лично учествуваше и министерката за финансии Гордана Кочовска. Претресот го спроведуваше бројна полициска екипа која упарна во познатиот хотел Парк во Струмица кој е во сопственост на Крмзов.  Медиумит блиски до власта објавија дека меѓу големата заплена биле и скапоцени камења дијаманти  за кои подоцна се испостави дека биле делови од лустерите во хотелот.

Во таа акција не беше уапсен никој и од тогаш само бизнисменот Крмзов излезе во јавност во емисијата Код на тв Телма кој негираше дека во неговото работење правел криминал и беше посочено дека зад целата оваа акција и полициски упад на чело со министерката Кочовска се криел наводно обид да му биде преземен бизнисот од лице во роднински врски од врвот на ВМРО ДПМНЕ бизнисмен од Струмица.

Во случајот „Крмзов„ опфатени во пријавата се 15 правни лица и 23 физички.

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ обвинуваа дека Крмзов е близок до семејството на поранешниот премиер Зоран Заев, а неговиот хотел „Вила Парк“ во Струмица го нарекуваа „омиленото место на фамилијата Заеви за собирање рекет“.

Во емисијата „Код“, Крмзов изјави дека неговите проблеми започнале на самиот крај на минатата 2023 година, кога Управата за јавни приходи започнала да спроведува контроли во негови компании. Меѓутоа, контролите постојано се одложувале и инспекторите не доаѓале во контрола, со цел, според него, државата да има изговор да не ги префрлува парите. Инаку, тогаш директорка на УЈП беше Сања Лукаревска, актуелна пратеничка на СДСМ.

„Работам 31 година, овој бизнис го работам од 1993 година. Ова го прават од повеќе причини. Едноставно им сметам и во транспорт и во градежништво и во се. Цела таа акција започна за време на СДСМ, се е на локално ниво. Одредени локални моќници кои мислат дека државата е нивна и можат да прават што сакаат, оркестрираат лажни и инфилтрирани податоци до министри, премиери, служби, за јас да бидам криминалец. Океј, има институции, ќе се провери дали е така или не“, рече тој.

Back to top button
Close