Утрово со услови за магла, во текот на денот сончево со температури до 27 степени

Претежно сончево време со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура се прогнозира во интервал од -1 до 7, а максималната од 21 до 27 степени.

Во Скопје претпладне ќе има услови за слаба магла, а во текот на денот се очекува времето да биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната до 26 степени.

Во одделни сливови ќе продолжи периодот на магла и ниска облачност. До средината на неделата времето ќе биде сончево во текот на ноќта и релативно топло за овој период од годината.

За среда најавено е преодно зголемена облачност проследена со повремен дожд, а дневната температура во благ пад

Back to top button
Close