Утврден идентитетот на починатата старица пронајдена во езерцето во Градскиот парк во Струмица 

Синоќа во 01:45 часот било пријавено дека е пронајдена почината старица во езерцето во Градскиот парк во Струмица.

Според полицијата, станува збор за Л.К.(71) од село Едрениково, струмичко, без знаци на живот.

-Лекар од Итната медицинска помош Струмица констатирал смрт, а увид изврши екипа на СВР Струмица. По наредба на обвинител телото на починатата е дадено на обдукција, соопштија од СВР Струмица.

Веста за МИА првично ја потврдија и од Регионалниот центар за управување со кризи во Струмица

Back to top button
Close