Утврден Предлог-законот за ратификација на Договорот со Косово за заемна правна помош во граѓанските предмети

На денешната седница на Владата е утврден Предлог-законот за ратификација на Договорот за заемна правна помош во граѓанските предмети меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово.

Ратификацијата на Договорот, соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста, ќе обезбеди регулирање на граѓанската материја (оставински постапки, мешани бракови, алиментации и други) со што се зајакнува правната соработка меѓу институциите и се олеснува правниот сообраќај на државјаните на двете држави.

Back to top button
Close