Утврдени нерегуларности во гласањето на Евровизија, шест земји-учеснички може да останат без поени


Партнерот на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која го следи гласањето за време на Евровизија, соопшти дека идентификувале неправилни шеми на гласање во шест земји. Со цел да се усогласи со правилата за гласање , ЕБУ работеше со својот партнер во гласањето за да пресмета заменски кумулативен резултат за секоја земја во второто полуфинале и во големото финале (пресметано врз основа на резултатите од другите земји со слични гласачки записи, се наведува во писмената изјава.

„ЕБУ многу сериозно ги сфаќа сите можни обиди да манипулира со Изборот за песна на Евровизија и има право да ги отстрани таквите гласови во согласност со Официјалните упатства за гласање, без разлика дали таквите гласови веројатно ќе влијаат на резултатите и/или исходот од гласањето“

се наведува во соопштението.
Дел од српските медиуми пишуваат дека оваа одлука на ЕБУ следува по традиционалната „размена“ на поени меѓу соседите, па оттука стравуваат дека нивната претставничка Констракта која официјално го освои петтото место на Евровизија, сега може да остане без поени.

„Тоа би можело да значи дека српската претставничка Констракта би можела да ги изгуби единствените 12 поени што ги доби синоќа, бидејќи тие „дојдоа“ од соседството – Хрватска и Црна Гора. Жирито на Северна Македонија синоќа и додели 10 поени на Констракта“

пишува „Нова“.
До 2008 година постоеше редовен систем на гласање според кој победникот на „Евровизија“ се одлучуваше исклучиво според гласовите на публиката од сите земји учеснички.

Токму затоа во 2009 година е воспоставен системот, според кој победникот на „Евровизија“ се одлучува со гласовите на публиката и стручното жири и во еднакви размери. Според новите правила, секоја земја учесничка има по пет члена во стручното жири, а секој од нив мора да биде државјанин на државата во чие жири е, а се претпоставува дека е истакнат во областа на радиото, телевизијата, музичка продукција или компонирање. Дополнително, членовите на жирито не смеат да имаат никакви лични врски со учесниците на натпреварот.

Back to top button
Close