Уважена жалбата на Мојсоска, Владата има рок од 15 дена да ги достави патните трошоци и кириите на пратениците

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер ја уважи жалбата на пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, со која таа реагираше дека Собранието континуирано одбива да ги обелодени патните трошоци и надоместоците за кирија на пратениците.

Иако пратеничката во изминатите пет месеци поднесуваше официјални пратенички барања до генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, одговор не беше доставен. Потоа, Мојсоска се обрати и како физичко лице со барање за пристап до јавни информации.

„Агенцијата за заштита на правото до пристап јавни информации ја уважи мојата жалба дека Собранието ги крие патните трошоци и кириите на пратениците. Бујрумте скандинавци од власта, имате 15 дена да ги доставите трошоците на вашите галантни пратеници“, порача Мојсоска.

Пратениците од Левица, на секоја собраниска седница бараа пауза од еден час, со цел да го притиснат раководството на законодавниот дом да ги обелодени податоците. Од Партијата веќе подолго време алармираат дека постои сомнеж дека дел од пратениците, особено од редовите на владејачкото мнозинство. Тие велат дека пратениците истовремено користеле и надоместоци за кирија и за патни трошоци – нешто што би претставувало класична злоупотреба на функцијата и на јавните средства

Back to top button
Close