Јуве и Барса се договорија за Артур

Шефовите на Јувентус и Барселона се ракуваа за трансферот на Артур во Торино вреден 80 милиони евра, тврди „Скај Спорт.“

Сепак, самиот фудбалер не дал согласност за договорот. 23-годишниот халф сака да остане на „Камп Ноу“ и покрај тоа што „бјанконерите“ му нудат сериозно покачување на платата.

Доколку се случи зделката, се тврди дека Артур ќе зема 5 милиони евра по сезона. Каталонскиот клуб се залага за трансферот да стане факт до 30 јуни за да го формира својот биланс на состојба за финансиската година.

Двата клуба ќе ги продолжат своите напори да го убедат играчот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close