Јувентус е заинтересиран за Паредес

Фудбалерот од средниот ред на Пари Сен-Жермен, Леандро Паредес може да се врати во Серија А.

За дваесет и шестгодишниот Аргентинец е заинтересиран Јувентус, објави новинарот на „Скај спорт Италија“, Џанлука Ди Марцио.

Договорот на Паредес со парискиот клуб истекува во јуни 2023 година.

Паредес има играно во Италијанското фудбалско првенство. Тој беше член на Рома, Емполи и Киево.

Back to top button
Close