Јувентус во Флик гледа наследник на Пирло

Почнува „Серија А“: Кој ќе го запре Јувентус? - МИА

Актуелниот италијански првак Јувентус, кој сезонава има резултати под очекувањата, ќе му врачи отказ на тренерот Андреа Пирло на крајот од првенството, а за негов наследник ќе настојува да го донесе стратегот на Баерн Минхен, Ханси Флик

Ова денеска го тврди германскиот весник „Билд“, потсетувајќи на неодамнешната одлука на 56-годишниот Флик да го напушти бундеслигашот од Минхен ова лето поради затегнатите односи со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

Јувентус од поодамна ја загуби битката во Серија А за одбрана на титулата, а неизвесен е и неговиот настап во Лигата на шампиони (ЛШ). На седум кола до крајот на шампионатот, Јувентус е на последното, четврто, место кое носи учество во ЛШ.

Back to top button
Close