Увидот во ,,Винчини” се уште не е почнат, бидејќи огнот не е изгаснат во целост
Откако синоќа во страшен пожар изгореа три погони на фабриката ,,Винчини” во Виница, а 18 луѓе, пожарникари и вработени завршија на лекување, обвинител излегол на лице место са изврши увид, но истиот не може да се изврши бидејќи огнот се уште не бил целосно изгаснат.
-Јавен обвинител од ОЈО Кочани беше на терен, меѓутоа увидот се уште не е започнат, затоа што пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата. Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот, информираа од Обвинителството.