Џузепе Конте: Италија не може да дозволи нов бран на коронавирусот поради небрежност на поединци

– Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека Италија не може да дозволи нов бран на коронавирусот поради небрежност на поединци и влегување на позитивни случаи од странство, што доведе до воведување ограничувања за земјите што не се во ЕУ.

– Сега ситуацијата е различна од изминатите неколку месеци. Ние ги подобривме условите на здравствените институции, набавивме опрема, спроведовме милиони тестови … Се соочуваме со нова фаза на самодоверба и силно чувство на одговорност, изјави Конте во интервју за шпанската телевизија ЛаСекста.

Италијанскиот премиер додаде дека Италија „не смее да дозволи“ влез на позитивни случаи од странство, поради што се на сила голем број ограничувања за државите што не се членки на ЕУ и дека не смее да дозволи нов бран на коронавирус да биде предизвикан од небрежност на поединци.

Back to top button
Close