Ужас во САД: Возач на автобус пукал во патници – има загинати
Возач на автобус пукал и уби двајца патници во Мајами, Флорида.
Истражувачите истакнале дека возачот се скарал со патниците, по што извадил пиштол и застрелал двајца машки патници.
Со хеликоптер биле префрлени во болница, но за жал починале од повредите, соопшти полицијата.
Нејасно е дали возачот ќе биде обвинет, а не се знае дали има индиции дали некој од патниците бил и вооружен.