Јужна Кореја бара деескалација на тензиите со Пјонгјанг

Владата во Сеул денеска ја повика Северна Кореја „без одложување“ да го прекине планираното испраќање пропагандни летоци против Јужна Кореја и изрази жалење што Пјонгјанг се реши на ваков потег, јави агенцијата Јонхап.

Апелот го упати Министерството за обединување на двете Кореи откако севернокорејските државни медиуми објавија дека ќе бидат отпечатени голем број летоци, кои ќе бидат дистрибуирани преку целата јужна граница.

„Она што го најави Пјонгјанг е јасно кршење на постигнатиот договор и чекор што не води кон помирување, туку кон подлабоко влошување на односите“, се вели во соопштението на Министерството за Јужна Кореја за обединување на двете Кореи.

Неодамна, јужнокорејски активисти во балони испратија милиони летоци во Северна Кореја со содржина насочена против лидерот Ким Џонг-ун.

Back to top button
Close