Јужноафриканците бараат Британија да им го врати „Најголемиот дијамант на светот“

Во Јужна Африка е покрената петиција на интернет, со којашто се бара Велика Британија да ѝ го врати најголемиот дијамант во светот, именуван како „Ѕвезда на Африка“, на таа земја.

– Дијамантот мора да се врати во Јужна Африка. Тоа мора да биде знак на нашата гордост, наследство и култура, изјави адвокатот и активист од Јоханесбург, Мотуси Каманга.

Петицијата досега ја потпишале над 8.000 луѓе.

Back to top button
Close