Јужнокорејски активисти со балони „пуштиле“ стотици илјади летоци кај северниот сосед

Група активисти од Јужна Кореја ноќеска пуштиле стотици илјади летоци со балони преку границата кон Северна Кореја, изјави денеска активистот Парк Санг-хак, и покрај повторените предупредувања од Северот дека ќе се одмаздат за ваквите активности.

Парк за америкнските медиуми кажа дека неговата организација синоќа од пограничниот град Пазу кон Северна Кореја пуштиле 20 огромни балони со 500.000 летоци, 2.000 банкноти од по еден долар и мали книги.

Поранешниот државјанин на Северна Кореја, кој избегал во Јужна Кореја, во изјавата кажа дека пуштањето летоци е борба за правда со цел да се ослободи севернокорејскиот граѓанин.

Овој потег сигурно ќе ги засили веќе големите тензии меѓу двете Кореи, соопштија американските медиуми.

Јужнокорејските локални власти соопштија дека може да побараат од полицијата да го испита активистот Парк како потенцијална закана за безбедноста на жителите во пограничните области.

Министерството за обединување на Јужна Кореја, што се занимава со односите со Северна Кореја, издаде посебно соопштение во кое изрази длабоко жалење поради обидот на Парк да ги пушти летоците.

Парк, сепак, најави дека и во иднина ќе пушта летоци против севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кого го оцени како зло, а неговото владеење како варварство.

-Иако жителите  на Северна Кореја станаа робови на модерното време, без основни права, зарем тие немаат право да ја знаат вистината, праша Парк.

Јужнокорејските власти ветија дека ќе ги забранат летоците, додавајќи дека ќе покренат тужба против Парк и другите активисти од Северна Кореја бидејќи го зголемуваат анимозитетот и загрозување на жителите во пограничните области.

Back to top button
Close