Вјоса Османи: Граѓаните на Македонија не ја заслужуваат штетата што им е направена со ветото од Бугарија

– Моја проценка, произлегува од фактот дека подолго време го следам процесот на интеграција на Западен Балкан, не треба да имаме такви случаи, кога прашањата се од историска природа, а проценките на историјата го блокираат напредокот на држава кон Европската унија. Затоа што кога е направена евалуација на реформите, проценката за извршувањето или исполнувањето на тие реформи се прави во сегашниот момент – изјавила новоизбраната преседателка на Косово, Вјоса Османи, во изјава за косовски медиуми во декември минатата година, додека била В.Д претседателка на Косово, пренесува Слободен печат.

 

Според неа, граѓаните на Македонија не заслужуваат да им се изрече таква казна.

 

– Но, да се каже дека прашањата за идентитетот треба да бидат дел од вето за членство во Европската унија, и покрај реформите, мислам дека тоа е голема грешка, што им штети на граѓаните на Северна Македонија кои не ја заслужуваат штетата што им е направена – изјавил Османи.

Инаку, Вјоса Османи го презеде местото В.Д претседателка на Косово од денот кога Специјалниот суд го потврди обвинението против поранешниот претседател Хашим Тачи. Kосовскиот парламент на вонредна седница вчера, по три изборни круга со 71 глас за 12 воздржани и ниту еден против, и официјално ја избра Османи за претседател на Косово со петгодишен мандат.

Back to top button
Close