В петок можен процес за импичмент на Трамп во Сенатот

Лидерите во Републиканската партија на САД ја разгледуваат можноста најрано в петок во Сенатот да почне процес за импичмент против претседателот Доналд Трамп, јавија американски медиуми повикувајќи се на извор.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска го прифати членот за отповикување на претседателот Доналд Трамп со првото процедурално гласање.

Сега е ред на второто процедурално гласање за резолуцијата за отповикување, пренесува Би-Би-Си.

После тоа, се планира дискусија и конечно гласање за отповикување, што треба да започне во 15 часот по локално време, или во 21 часот по средноевропско време.

Висок советник на републикански сенатор истакна дека се уште не е донесена одлука дали да се почне процесот в петок.

Текстот резолуција за импичмент на шефот на државата беше доставен во понеделникот. Тој е обвинет за поттикнување бунт во врска со насилниот упад на Капитол пред една недела.

Внатрешни дискусии во Сенатот се одвиваат додека Претставничкиот дом , контролиран од демократите, се залага за импичмент на претседателот за неговата улога во минатонеделната опсада на Капитол од приврзаници на Трамп.

Според Уставот на САД, импичмент во Долниот дом ќе предизвика процес во Сенатот за тоа дали да се собори претседателот. Лидерот на мнозинството во Републиканската партија во Сенатот, Мич Меконел, претходно предложуваше дека нема процес да почне се додека Сенатот не треба да се врати на редовната седница на 19 јануари, само еден ден пред да заврши мандатот на Трамп.

Доколку за Трамп биде изгласан импичмент, потребно е двотретинско мнозинство од Сенатот предводен од републиканците за да биде тргнат од функција, што значи дека најмалку 17 републиканци во 100-члениот Горниот дом треба да го прогласат за виновен.

Сепак,постапката за отповикување од функција ќе биде тешко да помине брзо низ Сенатот каде демократите немаат двотретинско мнозинство, но се смета за симболичен акт.

– Тоа ќе има големо симболично значење, вели Шери Берман, политиколог од колеџот Бернард во Њујорк, кој смета дека противниците на Трамп сакаат да стават до знаење дека никој не е над законот.

– Претседателот придонесе за поттикнување на народот и го охрабри насилството. Затоа е важно за демократијата да се одговара за тоа, изјави Берман Тој објаснува дека Сенатот може да го дисквалификува Трамп, според член 14 од Уставот на САД, за да се кандидира за која било јавна функција. Значи, за претседателската кандидатура во 2024 година, која тој веќе ја објавува.

Симболично е дека на инаугурацијата на Џо Бајден ќе присуствува сегашниот потпретседател на САД Мајк Пенс, што покажа дека тој се уште ги почитува демократските традиции, но не и самиот Доналд Трамп. Според дел од американските медиуми, Трамп ќе одржи собир на неговите приврзаници на Флорида, додека според други ќе оди да игра голф во Шкотска. Кабинетот ќе биде испразнет ден претходно, на 19 јануари 2021 година, како што е најавено.

Back to top button
Close