В понеделник истекува рокот за поднесување барања за еднократна помош за првачиња во општина Аеродром

В понеделник истекува рокот за поднесување барање за исплата на еднократна парична помош за првачиња во висина од 3500 денари, соопшти денеска Општина Аеродром.

– Семејствата кои имаат прваче можат да поднесат барање за паричната помош во архивата на Општина Аеродром, секој работен ден до 15:30 часот. Образецот за аплицирање и сите други потребни документи можете да ги најдете на следниот линк http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari., се вели во соопштението.

Од Општина Аеродром додаваат дека остануваат посветени на заложбата за инвестиции во најмладите, како и во кратење на дополнителните трошоци што претставуваат товар на семејниот буџет.

Back to top button
Close