Вадефул: Контролираната смена на режимот во Техеран е нереално сценарио

Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, оцени дека очекувањата за контролирана промена на политичкиот систем во Иран се нереални и предупреди дека конфликтот не може да се реши исклучиво со воени средства.

Говорејќи на настан организиран од медиумската група „ЦАЈТ“, Вадефул истакна дека хаосот во Иран би бил подеднакво опасна опција како и сегашниот режим, што не е во интерес ниту на регионот, ниту на самите ирански граѓани. Според него, воено решение не постои, а сценариото за контролирана смена на власта е само хипотетичка и тешко остварлива можност во сегашните околности.

Оваа изјава доаѓа по коментарите на израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Сар, кој изјави дека војната е практично добиена, но дека крајните цели – меѓу кои и падот на режимот – сè уште не се постигнати.

Сар посочи дека иранскиот народ е единствениот кој може да го собори режимот, што се толкува како индиректно признавање дека брза политичка трансформација во Исламската Република не е на повидок, и покрај една од првичните цели на Израел да создаде услови за народен бунт

Back to top button
Close