Вакцинација во Европа: Кои земји се на врвот, а кои на дното?
Помина речиси половина година од почетокот на имунизацијата против коронавирус во Европа, но ниту една земја не успеа да вакцинира повеќе од 40% од населението со обете дози.
Според анализата на нова.рс, најдалеку напредуваше Унгарија, каде што 30 проценти од населението прими две дози.
Земјата е прва во ЕУ која започна да ја користи руската вакцина „спутник В“, иако Европската агенција за лекови (ЕМА) сè уште не го одобрила тоа. Дури и премиерот Виктор Орбан реши да ја прими оваа вакцина.
Во текот на минатата недела, во просек дневно се давале по 94 393 дози, а покрај „спутник“ се нудат и „Синофарм“, „Астра Зенека“, „Модерна“, „Фајзер“, но и малку познатата вакцина од кинескиот производител „CanSino Biologics“.
Покрај големиот број вакцини, Унгарија има и многу прецизен план за вакцинација, кој вклучува имунизација според приоритетни групи – прво лекари и медицински персонал од прва линија, потоа медицински сестри, персонал за стари лица, медицински персонал што не е во прв план, припадници на одбраната, наставници во градинки и училишта, социјални работници, лица над 60 години изложени на ризик од инфекција, критични работници во инфраструктурата, како што се работници во нуклеарната централа, работници во јавниот транспорт, како железници и метро…
Друг добар пример за имунизација во Европа е Данска, која, за разлика од Унгарија, има само две вакцини што се нудат –„Фајзер“ и „Модерна“. Сепак, оваа земја вакцинираше повеќе од 5,8 милиони луѓе, што значи дека вкупно 20 проценти од Данците се имунизирани, додека 31,3 проценти ја примиле првата доза.
Контрапример за овие земји е Белорусија, која досега вакцинираше само 2,9 проценти од населението со обете дози, додека 4,3 проценти примија една доза. Парадоксално, оваа земја објави пред два месеци дека ќе започне масовно производство на руската вакцина „спутник В“ во количини од половина милион дози месечно.
БиХ, Северна Македонија, Молдавија и Украина, исто така, имаат лош процент на вакцинирани, бидејќи ниту една од овие земји не го надмина прагот од пет проценти вакцинирани, а на самото дно на табелата е Украина, каде што 2,2 проценти од популацијата примија една доза, а само 0,2 проценти беа целосно вакцинирани. Нешто подобра е Босна и Херцеговина, која достигна еден процент целосно имунизирана и Северна Македонија со 1,8 проценти.
Сепак, тоа е сè уште далеку од посакуваниот резултат.
…