Вакцинацијата против коронавирус во Бугарија ќе биде бесплатна и на доброволна основа
Бугарија денеска го објави планот за вакцинирање на населението против корона вирус, а официјална Софија соопшти дека вакцината ќе биде бесплатна.
– Први кои ќе ја примат вакцината се лекари, медицински сестри, стоматолози и фармацевти, рече министерот за здравство, Констандин Ангелов.
По нив, вакцината ќе им биде дадена на наставници, луѓе во домови за стари лица и работници на фарми со визони, по што ќе следат социјални работници и лица над 65 години.
– Секој Бугарин кој сака да се вакцинира ќе има можност да го стори тоа бесплатно, додаде Ангелов.