„Вакцината на Трамп“ нема да биде одобрена пред ноември

 Потенцијалната вакцина противв Ковид-19, која е поддржана од програмата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп наречена „Оперјшн варп спид“ (Operation Warp Speed) тешко дека ќе добие зелено светло од регулаторните тела пред ноември или декември, изјави синоќа директорот на американскиот Национален институт за здравје, Френсис Колинс.

Тој додаде дека е потребно да се даде доволно време за клиничките испиртувања на вакцината.

– Потребно е вакцината да се испита на најмалку 10.000 луѓе, тоа е најмала бројка на испитаниците за да се добијат доволно податоци дали вакцината е безбедна и ефикасна за широка употреба, наведе Колинс.

За последниот стадиум на испитување на вакцината во САД ќе бидат вработени повеќе од 30.000 луѓе.

Back to top button
Close