Вакцинираните во Србија може да одат во вакцинален пункт дома за да ги внесат податоците и во нашиот систем

„Кои било наши граѓани вакцинирани каде било во странство може да се јават во кој било пункт за вакцинација за да се внесат тие податоци. Причината зошто треба физички да дојдат е да се дадат веродостојни податоци и да им се идентификува идентитетот дека се навистина тие граѓани што се пријавуваат, а со цел да можеме да разговараме и за апликацијата ’Комун пас‘ и европскиот сертификат, тие сертификати што ги добиле во други земји да бидат признаени и ние да ги признаеме во нашиот систем и да добијат ист таков европски сертификат како граѓаните што се вакцинирале кај нас – рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Тој вели дека вакцинираните во странство нема потреба повторно да патуваат за да примаат трета доза, туку на ваков начин може да ја добијат третата доза и кај нас. Нашиот Комитет за имунизација, како што претходно соопшти Филипче, препорача трета доза за: сите граѓани над 60 годишна возраст; сите здравствени работници без разлика на возраста; сите пациенти што имаат имунокомпромитирана состојба, без разлика на возраста. Таа треба да се прими најмалку шест месеци по вакцинирањето со втората доза.