“Вакви деца без емпатија кои се изживуваат врз животни, подоцна малтретираат луѓе!” Анима Мунди бара да се санкционира насилник од Лисиче

Здружението за заштита на животните Анима Мунди објави видео на кое извесен Д.Д. од Лисиче се изживува врз мачка. Недозволиво е било кое живо суштество да е мета на насилници со вакво девијантно и монструозно однесување – велат од Анима Мунди во објавата.

„Ова видео е само дел од долготрајното психопатско изживување врз мачката бидејќи, според сведоштвата, тој ја удирал од земја неколкупати со што ѝ нанел очигледни повреди и траума. Ваквите слики од млади лица, кои судејќи по смеењето во заднина, на видеото и задоволството во изживување врз живо битие, се скоро секојдневие и аларм за тоа каква младина продуцира ова општество и која би била следната жртва на насилниците од овој калибар. Млади лица, небаре деца, кои покажуваат олку ниска свест, нула емпатија и се изживуваат, убиваат животни, подоцна нивната агресија според стручни лица можат да ја применат и на луѓе.

Бараме од надлежните институции да превземат соодветни дејствија и да има одговорност во овој случај, да се интервенира навремено кај овој млад човек и превенираат вакви случки во иднина“, напиша здружението на Фејсбук.

Back to top button
Close